главен (прид.) - извршител (имн.)

Случајот сакаше, во низата вообичаени куртоазни и работни посети, кои почнува од посетите на министерствата, првата средба да ја имам со тогашниот државен секретар во Министерството за внатрешни работи Зине Абедин Бен Али, наследникот на врховниот борец Бургиба, главниот извршител на медицинскиот државен удар во ноќта на 6 ноември 1987 година во претседателската палата во Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)