главен (прид.) - град (имн.)

Вреди да се истакне фактот дека укинувањето на надоместокот за патни трошоци беше флагрантно дискриминаторски, бидејќи се одне- суваше само за неколкумината вработени кои имаа живеалиште или престојувалиште во Скопје и кои секојдневно патуваа од главниот град, а не важеше за вработените од локалната општина и околните села!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Според систематизацијата на работните места, Авдиќ работеше како референт во комерција задолжен за следење на побарувачката, известување за цените и начинот на дистрибуција на производите на пазарот во главниот град и во Косово и често одеше на службени патувања.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По ова, 134 заедно со други тројца негови колеги од Скопје, се договараат да покренат судска постапка против МЦ како работодавач, со цел поништување на овие апсурдни и противзаконити одлуки.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како што може да се види, дејноста на фабриката во којашто работеше тој беше од областа на градежништвото и кога настанува спорот, кон крајот на 1999 година, во неа имаше преку 250 вработени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од службената, протоколарна политичка свест на словенската држава и нејзиниот главен град, настана виртуелната, во уметнички концепт вклучената свест на NSK државата. Комплет со гостите, се разбира. 190 okno.mk Маргина 37 191
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Надвор од главниот град, сепак, ситуацијата може да е многу поинаква.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
По словенскиот претседател своите зборови ги изрече членот на NSK.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во Амстердам, Safe House се на сите големи забави: градските власти инсистираат на тоа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Авторот на необичен и впечатлив начин ја овековечува историјата на главниот град на Македонија...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тие беа подвижните резервоари со течна храна за овие луѓе кои по победниците во војната итаа кон големиот плоштад на главниот град на Републиката.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И така сите молчеа во главниот град на јужната република, фатени во пајажината на „козјата мафија”, иако велеа, повеќе за себе, правоверните идеолози на партијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Каков главен град е тоа со кози, и со Козар маало, а во неговиот центар, со тоа проклето гнездо на белата контрареволуција.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во моментот на планирањето на иднината, во кабинетите на Партијата, козите слегуваат во главниот град: оваа бела пацифистичка инвазија ги вознемирува и шармира духовите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така козите и козарите тоа пролетно утро, поздравени од нашите детски погледи од тврдината, пристигнаа во главниот град... ***
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Козите доаѓаат под водство на харизматичниот Чанга и со себе ги доведуваат во центарот на главниот град нивните стада кози!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше живо и свечено на големиот плоштад во центарот на главниот град на јужната република како некогаш на големите првомајски или воени паради.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Го зедов куферот и, една по една, ги фрлав кошулите внатре, ставив две сакоа и пантолони и ставив две кравати, а двете пак пеперутки машни, една црна, една бордо, ми беа дома, во главниот град, во С.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Како што знаете“, реков едно време, „договорив во главниот град за помош да изградиме водовод.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тие, се разбира, не можеле да знаат дали меѓу Симон и луѓето во главниот град се зборувало за тоа овој да биде пратеник, но обземени од предизборното расположеие и од меѓусебните спротивставености, лесно, сосема спонтано, дошле на тоа гласините да ги поврзат со зборот пратеник.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Станав свесен, дека сега ние живеевме во два различни света, јас во мојот свет на маказарските белутраци и ендеци, свет на луѓе на кои не можев докрај да им влезам во душевната трага, свет на сеќавања и на обид да се дофати течението на времето и на судбините во него, додека нејзиниот свет беше свет на главниот град, на секојдневното одење-идење на работа во Центарот, на пробивањето меѓу автомобилите наутро, на ситните и покрупните злоби и зависти, на студијата за проблемот на власта која требаше дефинитивно да се напише, на борбата со тој проблем како со личен проблем или на повременото уживање во музиката на големите концерти, кои таа ги сакаше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Еве сега, заминував од каде што сум дошол, одев во главниот град, во С., за потоа уште еднаш да се вратам, но со фермани в раце, како што се враќаат победниците.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Еден пријател, решението да заминам од главниот град, за да бидам таканаречен слободен уметник и градител, со добри намери и со полно срце, да им помогнам на луѓето во Маказар, местото каде што дојдов, каде што веќе сум, за работи што им требаат, а тие не можат да ги сторат, ја нарече судбоносна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Реков, од Маказар до главниот град имаше близу триста километри, не премногу, но доволно да се почувствува осаменоста, но од друга страна, и да се има дистанцата за размисла околу сопствениот и заедничкиот живот и животот на другите, на светот околу.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Островот ли е формулата за човечката блискот, со својата средморска осаменост, но и со оскудноста со која задно живеат и луѓето од овој архипелаг?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Покрај него стоеа уште тројца службеници на општината, сите со црни чадори во рацете, а нешто потаму и настојникот на митрополијата и неколку свештеници со развеани бради и раса, и камилавки кои како по наредба ги придржуваа на главите секогаш кога ветрот ќе дувнеше позасилено и ќе однесеше нов навев на солен воздух кон главниот град на Закинтос.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој стана градоначалникот на Закинтос, главниот град на истоимениот остров зашто беше омилен меѓу жителите и избран како честит и примерен жител, за прв човек на главниот град на островот, но според авторитетот, би се рекло и на целата островска заедница што броеше близу триесет илјади души.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тие расштимани звуци навидум внесуваа живост во депресивната атмосфера од третата окупациска зима на островот.  Лука Карер шеташе вдолж молот и досадувајќи се, со врвот на големиот црн чадор со дрвена дршка, ги допираше металните бочи на пристаништето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сите зла во вицовите припишани нему и сместени, по потекло, во далечната Херцеговина, се автентични зла на главниот град.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Излетите на Витоша, всушност, како да станале посебна пасија на жителите на главниот град на Бугарија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ТУРИСТИЧКАТА атмосфера веќе почна да преовладува во бугарскиот главен град.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со 4:0 поведов кога падна Берлинскиот ѕид и кога насмевките повторно се вратија во главниот град на липите во светот.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Диоцезите Македонија, Дакија и Панонија влегле во рамките на централната префектура која ја сочинувале Илирик, Италија и Африка со главен град Рим.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Македонија Прима, со главен град Тесалоника и управувана од конзул, го заземала просторот на Јужна и Централна Македонија со островите Тасос и Самотраки, а Македонија Салутарис, со главен град Стоби, го заземала просторот на северозападна Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Склоноста кон пишувањето Иван Точко ја почувствувал уште во годините на нижото гимназиско образование во Охрид, пишувајќи песнички, раскази, па дури и еден драмски обид.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Погребан е во Алејата на заслужните граѓани на градските гробшита во главниот град на нашата република.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Замислата на директорот на филмот, кого можеа само да го замислат во некоја длабока фотелја на главниот град, од една страна - да се остави филмска документација на идниот гигантски хидроенергетски објект, а од друга - да се направи документарен филм, што ќе го склопат режисерот и продуцентот во монтажата, и кој не само што ќе се прикажува во сите кино-сали низ земјата како предигра на играните филмови, туку и достојно ќе нè претставува на сојузниот и странските филмски фестивали.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Одамна веќе не го интересираше учеството на заедничките изложби со по две - три слики, туку одеше на самостојни - во родниот, па во главниот град на татковината (баба му ја викаше „таткојна”, мислејќи на она што ќе ти го остави татко ти, било како имот било како долг), а се одѕиваше и на покани однадвор кога ќ е му се укажеше можност.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Хотелот се испразни како коњушница пред трки - поетите беа заминале по попатните градови на пладневни матинеа и средби со читателите пред да се соберат вечерта во главниот град на поетскиот митинг и приемот во чест на Златниот венец.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Женското, пак, не стаса ни да се запише на студии, кога појде по едно штотуку дипломирано докторче кое застана на ред во Бирото за невработени, чекајќи работно место во главниот град, а не некаде во внатрешноста.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А кога ламаринените сандаци беа добро сместени во специјалниот вагон и возот, конечно, тргна кон главниот град, Татко чувствуваше дека, сепак, го остварува своето судбинско патување со митскиот Балкан-експрес кој трабаше да го врати кон Цариград. XXIII Сиџилите не беа малку.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Беше донесена одлука, истиот ден, попладнето, сиџилите, во специјален вагон, во редовниот воз, да бидат упатени кон главниот град.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Од петните жили се напрегаше да спречи предлогот за одликувањето да стигне до главниот град на Федерацијата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
По војната, му беше одредена партиската задача да го организира првиот народен суд, во главниот град на Републиката.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се предлагаше дури и да допатува специјална екипа од главниот град, но тоа веднаш беше отфрлено од градските власти...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Одговорот стигна веднаш: Татко, со сиџилите, под силно обезбедување, веднаш да биде упатен во главниот град.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Од каде беше, рече? - праша. - Од Скопје. - Од главниот град, значи?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
X Наближуваме кон главниот град. Се насетува медитеранската свежина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Овде беше основана и последната Илирска Империја од страна на императорот Пирус Бардули во 385 година пред новата ера кој конечно ја обединил Илирија, а Скадар го прогласил за главен град.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Скадар останува главен град на Илирија до крајот на владеењето на Гент.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Х.Х. беше дискретниот координатор на сите други водичи на патувањето, а само тој беше поврзан со идеолошко -партиско- полициската Централа, поместена на непознато место во главниот град.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во нашиот главен град Тирана и во многу други градови извишивме негови вечни споменици.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тоа беше периодот кога тој ги почна своите истражувања за “Невестата и додворувачите” - тема што ќе го преокупира следните 15, 16 години. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 107
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Подоцна, кога во едно интервју Дишан го коментираше ова патување објаснува дека патувал во главниот град на Баварија во посета на еден сликар на крави кого го запознал пред неколку години во Париз.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Животот на село беше идиличен. Тука дури како да застанало времето иако селото беше на неколку саати возење од главниот град и цивилизацијата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Се сместија - ги сместија - во Алма Ата, главниот град на Казахстан и таму цело време мислеа како и што побрзо да се вратат во Скопје.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Набргу се преселил во главниот град, и го вложил капиталот во фабрика за чоколадо, бонбони и вафли.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
После изливот на реките по расположливите природни пространства и напливот на атмосферските води по улиците на населените места по целиот Балкан, во соседна Бугарија, на една од централните авении на главниот град, деновиве била регистрирана присутност на рекичка начинета од големи творечки имиња од областа на кино индустријата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во куќарката покрај џадето што непогрешно го водел секој патник на патот за главниот град, тутунот заземал централна позиција.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Откако стигнаа, беа сместени во спортскиот центар на Кошутњак, а потоа секој по своја желба го разгледуваше главниот град.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Навикнав странците да ме прашуваат како ми е зад „железната завеса“, срдечно да ми објаснуваат дека биле во мојата Југословакија и дека нашиот главен град Будимпешта е прекрасен.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Живее во Кочани и дел од својот студентски живот го поминува живеејќи и работејќи во главниот град Скопје.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Па, јас студирам, живеам во симпатично станче во главниот град, во убава населба.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Живеам во главен град, би требало да го викам метропола, а сè уште нема метро.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И невидлива, Судбината се наоѓала насекаде.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Во некој дел на Африка, во близина на идниот главен град на Египет, џинџестиот Жерав ги видел своите роднини, бели и горди, крај голема река. Се растажил.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
По соединувањето на Германија 1871 г. новиот главен град брзо се развиваше во политички, културен и стопански центар, а посебно од почетокот на веков сé повеќе ги привлекувал напредните духови.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
XXXII И во односот кон Палестина и Палестинците, од страна на претставниците на високото југословенско колегијално раководство, се чувствуваше отсуството на некогашна Титова Југославија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И тие, како и бродот Галеб, Синиот воз, кој јуреше низ главните градови на републиките, кај кои дезинтегративните процеси стануваа блиска реалност, повеќе служеа како декор за да се сведочи за некогашниот авторитет и моќ, отколку како симболи на реалната моќ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тогаш, според еден од блиските советници, Арафат бил готов да ја прифати резолуцијата 242 на ООН, значи правото на постоење на државата Израел...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Свикан во Алжир во ноќта меѓу 14 и 15 ноември 1988 година, Националниот совет на Палестина на кој тогаш присуствува и југословенски преставник, ќе ги прифати резолуциите на ООН, но и ќе го прогласи воспоставувањето на Палестинската држава со главен град светиот Ерусалим.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Генерацијата на Мустафа Кемал, Али Фети Окјар и другите носители на новата револуција, сите околу четириесетгодишни мажи ја менуваа судбината не само на Империјата туку и на нејзиниот главен град Цариград.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Познато е дека по освојувањето на Константинопол во 1453 година, преименуван оттогаш во Истанбул, повеќе еврејски заедници од Балканот и Анадолија биле преместени во главниот град на новата Империја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сега главен град на нова Турција стана Анкара, додека Цариград и натаму ги задржуваше атрибутите на престолнина на светот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но каква била врската помеѓу сурггунотt и ггурбетtотt? праша Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Речиси пет века Цариград живеел како среќен Вавилон, но балканските војни (1912-1913) со почетокот на крајот на Империјата ја нарушија етничката рамнотежа на главниот град.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На столчето каде што вообичаено ги оставаше фармерките и маичката, имаше бела кошула што Александар ја имаше купено пред една година од еден фенси бутик од главниот град.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Движењето почна некако да фаќа замав, студентите во главниот град почнаа да носат беџови со двата црни коњи, чиј што галоп требаше да ја симболизира слободата која што во општеството ја нема.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Десет години по маршот на генералот Стојан и неговата патриотска гарда на главниот град, просториите имаа распоред, којшто на Александар му личеше на оној од комунизмот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Помеѓу другото беше дописник на една телевизија од главниот град и тоа го сметаше за голем професионален успех.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ова, помисли тој со нејасно гадење - ова е Лондон, главниот град на Воздушниот коридор Еден, или третата според бројот на населението провинција на Океанија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Океанија нема главен град, а нејзиниот титуларен шеф е човек чие живеалиште никој не го знае.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас решив: Ќе одам до станот мој во главниот град!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тргна од главниот град и бавно се движеше цели сто осумдесет и пет километри сѐ до браната.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Покасно разбрав дека ова важи за Винипег, главниот град на Манитоба.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Првин, таа се откорнуваше од своето семејство, од родното гратче Лесковик, на самата грчко-албанска граница, востановена по падот на Отоманската Империја, за да си го продолжи животот во Татковото патријархално семејство во Поградец, во периодот на монархиска Албанија, на брегот од Охридското Езеро, за потоа да ја следи егзилската судбина на Татко напуштајќи го засекогаш родното огниште и завршувајќи го животот, првин, во сталинистичка, па во Титова Југославија, во Скопје, главниот град на Народна Република Македонија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во годината на најголемиот земјотрес на Балканот, во главниот град на Републиката, започна градбата на првата хидроцентрала близу истекот на реката од Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во екот на војната, таткото во проучувањето на јагулите во Струга го наоѓа оправдувањето на своите мечти за емиграција, но од Балканот на XX век, трансформиран во лавиринт од конфликтите и појавата на непреминливи граници, веќе не се емигрира, човек се врти во круг, се загубува, и семејството ветено за Америка, запира во Скопје, главен град на Македонија, на брегот на една река, Вардар.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
XXVII Заминавме од градот на истекот на реката од Езерото, кон главниот град Скопје, на новата Народна Република Македонија, дел на новата југословенска федерација, со малото вовче, на едно од неговите последни патувања по војната.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во главниот град се предвидува изградба на железарница, која ќе вработува десетици илјади луѓе.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кон крајот на дваесеттиот век, група млади научници и универзитетски професори во Скопје, главниот град на новата независна Република Македонија создадена по распадот на Југославија, ја обновија свеста за спасувањето на балканските јагули во светот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А и таму, во главниот град на Републиката, имаше река, која се влеваше во морето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Таа пак, збунетата наивка, која штотуку пристигнала во нашиот главен град да го практикува најстариот занает, ни две ни три, ми го залепи она што не го барав од неа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сè ова се случуваше по моето пристигање во главниот град и после оние мои забележливи написи што се беа појавиле во нашиот весник.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
НАША МУЗИКА И ОВИЈА ПЕСМЕ НЕ СУ ЗА ОНИЈА ШТО НЕ ЗНАЕВ КОЈ Е ГЛАВЕН ГРАД НА ЈУГОСЛАВИЈУ ИЛИ КОЈА Е НАЈГОЛЕМА РЕКА У МАКЕДОНИЈУ.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Влатко читаше: „Симболите на валканиот град - еколошкото лице на Скопје навистина грдо и недобројни се фактите со кои може да се потврди , дека начиот главен град е највалкан и еколошки најзагрозен во земјава.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Можеби и поради криза, поради штетење, ама не треба да заборавиме дека Скопје е главен град на Македонија - и не личи да е темен - како во хорор - филмови.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во секој случај, тешката индустрија беше подиgната во главниот град на Македонија со гигантска железарница што вработуваше дури до дваесет илјади работници, а рудата се наоѓаше стотина и повеќе километри јужно.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се најдов во една делегација на Албанската драма при Театарот на националностите во Скопје која требаше да избере неколку театарски претстави за да бидат претставени во главниот град на Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На илјадниците козари кои дојдоа со козите во главниот град за да станат работничка класа и да стапат во социјализмот најдоцна до утредента во 12 часот, им беше наредено да се ослободат од козите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Таква држава не може да егзистира без нејзиниот природен главен град Солун; и Грција нема доброволно да го отстапи тој голем грчки град, а ниту Македонските Грци би прифатиле да бидат одделени од Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, и покрај таквите изјави, се вели во информацијата, "Југославија истакнува дека има 100.000 македонски Словени јужно од границата, …и дека многу Југословенски Македонци имаат желба да направат нешто во оваа ситуација".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Затоа, на 11 април 1945 година, "Њујорк тајмс" ја пренесува дадената изјава на Југословенската влада, дека таа нема да го покренува прашањето "за инкорпорирање на целата македонска територија, во близина на Југославија, со главен град во Скопје", бидејќи "управната власт на постојната територија е од примарна важност".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Србите не заборавија дека Скопје беше главен град на Српското царство во ЏИВ век.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но тоа царство беше мултирасно и со краток век.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Уште повеќе, тоа би ја изолирало грчка Тракија од другиот дел на Грција и може да ги стимулира бугарските, македонските и можеби турските претензии кон таа провинција".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- Кога стигнавме во главниот град на Египет, Каиро, којшто, замислете, има жители повеќе од цела наша Македонија, речиси колку половина Југославија, секој тргна на своја страна.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Лесно го најдов Казахстан и неговиот главен град Алма Ата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Потоа со прстот тргнав подолу.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се присетив која бев и колку, всушност, не сум се сменила како личност, иако начинот на живот во главниот град ме натера да ги отворам повеќе сопствените хоризонти.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)