германски (прид.) - нација (имн.)

Брат ми веруваше дека Чарлс Дарвин му го нашол вистинското место на човекот - во животинското царство; тој тврдеше дека со Дарвин започнува вистинското сфаќање на човечкото суштество - како креација на природата настаната во преобразбата од еден животински облик во друг, а не Божја креација од прашина со вдахнат божји здив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од Фихтеовите Говори кон германската нација до славењето на секојдневната национална стварност во делата на импресионистите, од музиката на Сметана и Дворжак до расправите за еврејска држава на Теодор Херцл, вклучувајќи ги тука секако и делата на националистите на Третиот свет 14 okno.mk како Франц Фанон, можно е да се помисли на многубројните „пробиви” на нацијата во литературата, музиката, сликарството и новинарството.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тоа беше местото каде што се скина тенката нишка помеѓу нас и нашите заборавени претци: ние бевме првите неверници во долгата низа поколенија од времето на Мојсеј до нас, првите кои работеа во сабота, кои јадеа свинско, кои не одеа во синагога, кои не кажуваа “Кадиш“ на погребението и на годишнините од смртта на родителите, кои не го разбираа хебрејскиот; за нас светиот јазик беше германскиот (брат ми веруваше дека германскиот јазик е единствениот кој во потполност може да ги изрази највисоките вознеси на човековата мисла), се воодушевувавме од германскиот дух и правевме сѐ да бидеме дел од него, живеевме во Виена, престолнината на Австро-Унгарија, која беше нарекувана “светата империја на германската нација”, и со некакво чудно воодушевување, со кое го прикривавме зазорот кон својата традиција, ги прифаќавме тогашните навики и однесувања на виенската средна класа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
9. Против дрскоста и претприемаштвото За почитта и стравопочитта пред бесмртниот германски народен дух Tucholsky, Ossietzky II Од свечениот говор на проф. др. Hans Naumann, бонскиот ординариус за германска историја на литературата, за време на палежот на книги на пазарот во Бон на 10. 05. 1933: Академска младино на германската нација, запалувај го денес на сите универзитети на Рајхот - запалувај го она на што сигурно и досега не си му се восхитувала, но што и тебе, како и сите нас, можеше на нè заведе и загрози.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)