германски (прид.) - единица (имн.)

265 Единците на НОВ и ПО на Македонија посебно биле заинтересирани до кој степен британските воздушни сили биле во состојба да помогнат со бомбардирање на германските единици кои се повлекувале.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
И штабот на Force 266 на 4 јуни 1944 година ја известува мисијата Brasenose дека според она што успеале да го дознаат од “прекинатиот сигнал“ од мисијата Conserve “Апостолски е во Северна Грција“ и дека ситуацијата на партизанските единици е многу лоша бидејќи им недостасувало муниција “и Бугарите постојано ги гонат“, а авионите чекале да добијат локација каде да бидат спуштени пратките.144 На 1 јуни 1944 година безуспешно се обиделе да ја преминат реката Вардар северно од Гевгелија поради нападот на германските единици.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
264 На 10 октомври мисијата Entanglement го известува британскиот позадински штаб на Фицрој Маклин дека германските единици настапувале кон Битола и дека на 7 октомври сé уште го држеле патот Ресен-Битола.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Првата македонско-косовска ударна бригада која по борбите во Февруарскиот поход се повлекла во делот на Македонија под Грција во областа Меглен, добила задача да се пробие во Западна Македонија, да ја обнови слободната територија од 1943 година, а потоа да дејствува кон Централна Македонија, да ги пресече патиштата од јужна Албанија кон Скопје, што им служеле на германските единици за врска и снабдување.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во овој период британските воени мисии со посебно внимание го следат движењето на германските единици и нивното повлекување и за тоа го известувале својот штаб Force 399 барајќи да се бомбардираат правците Лариса- Лерин- Прилеп и патот Дојран- Валандово- Струмица- Штип.272
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
По повлекувањето на германските единици тие продолжија да се борат против единиците на НОВ и ПО на Македонија олеснувајќи на тој начин повлекувањето на Германците.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Со проширувањето и засилувањето на слободната територија во Западна Македонија, комуникациските врски на германските единици во Албанија, што минуваа преку Скопје, Тетово, Кичево и Дебар беа прекинати.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во радиограмата до мисијата Bethesda од 6 октомври таа ќе нагласи дека локалните преговори за предавање на „германските единици во Југославија“ требало да се одвиваат директно „меѓу локалниот партизански командант и локалниот германски командант“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Едновремено со активностите во Западна Македонија бугарските и германските единици презедоа и низа активности против единиците на НОВ и ПО на Југославија кои дејствувале во реонот на Куманово-Врање-Црна Трава и оние кои дејствувале во реонот на Тиквеш и гевгелискиот крај со цел да се ослободат од притисокот на комуникациите низ Моравско-вардарската долина.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
103 По заминувањето на капетанот Ламби и британската воена мисија Mulligatawny од Македонија во првите денови на декември 1943 година Германците презеле офанзивни дејства во Западна Македонија во содејство со балистите од реонот на Тетово, Гостивар, Дебар и од Албанија со цел да ги ослободат комуникациите што служат за врска на германските единици во Албанија и северозападниот дел на Грција преку Скопје т.е. со комуникациите во долините на реките Вардар и Морава.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
За тоа бугарскиот амбасадор во Германија Дрангов, ќе соопшти дека “по наредба на Хитлер, Рибентроп ме задолжи да ја соопшти желбата на фирерот, со три дивизии да се влезе во српска Македонија како окупаторски војски и да ја преземеме администрацијата, за да се ослободат германските единици од таа грижа, а да бидат употребени за дејство.”
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 18 април 1941 на бугарскиот Генералштаб му било одобрено бугарската војска да влезе во Македонија, но да ја окупира само територијата источно од р. Вардар и да не ја поминат линијата: Пирот-Врање-Скопје-течението на р. Вардар до грчката граница.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Имено, непосредно по напуштањето на германските единици на Пиреа и Атина, Британскиот експедиционен корпус на 14 октомври 1944 година, влегол во Грција, како што било договорено во Квебек меѓу САД и Велика Британија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Бугарската влада го прифатила тоа барање и во втората половина на април 1941 година, во Македонија, Јужна Србија и на Косово, ја упатила својата Петта армија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Уште пред капитулацијата на кралската југословенска војска, нацистичка Германија ја повикала Бугарија да окупира поголеми делови од Македонија и Јужна Србија, со единствена намера да се ослободат германските единици за натамошни воени дејствија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По влегувањето на Британскиот корпус, Атина била окупирана.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исто така, се известувало и за соработката меѓу македонските и албанските партизани и за борбите што ги воделе со германските единици за ослободување на Дебар.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На 14 септември „Њујорк тајмс“ повторно ја пренел информацијата, преземена од „Слободна Југославија“, за ослободувањето на Кавадарци.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)