вчудовиден (прид.) - и (сврз.)

Оставаа впечаток на вчудовидени и несигурни.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Настапи штама. Луѓето очигледно беа и вчудовидени и речиси исплашени зашто, по пауза, Стамен Мивката рече: „Луѓе! Ако е ова вистина, којзнае што не чека!“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се обиде да прави посложени вежби и беше вчудовиден и понижен кога утврди што сѐ не е во состојба да направи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше и вчудовиден и одушевен од откритието.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој е вчудовиден и од истрајноста на противникот и од тоа што бункерите издржаа едно толку жестоко бомбардирање.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)