врховен (прид.) - заповедник (имн.)

Еден ден војводата Петре Ацев му даде налог на својот четник Крсте Гермовчето Шаќира да се стави со Толета и да му предложи некакво спојување на двете чети: да се упрости работата, да не се двојат силите и цепе народот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе, изгледа, му се насити на Ќосото и почна да пребира други мариовки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
20. И продолжи Толе по сите мариовски села да се движи како врховен заповедник над сета оружена сила.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Андон ги догоре чифличките кули и кошарки во Крушевица, што останаа лани лето недогорени; Петко и Стојо — тие во Маково и Рапеш, такашто Мариово го очистија од турчовина во сите села, освен Витолиште, та му удрија едно своеволие секој во својот реон, а Толе во цело Мариово како врховен заповедник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)