врвен (прид.) - раководство (имн.)

И во други земји на Исток, наши довчерашни пријатели и браќа, врвните раководства се зафатиле со решавање на проблемот со козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во Југославија, во врвното раководство, кое го означуваше крајот на Титовата генерација, со аманет да го сочува самоуправниот социјализам, братството и единството, како и неврзаната политика, веќе се насетуваше центрипеталната националистичка контаминација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во светот се насетуваше крајот на биполарната епоха, се наѕираа првите пукнатини на Берлинскиот ѕид, крајот на Варшавскиот пакт и СССР, продолжуваше да живее. Движењето на неврзаните, макар што нејзините основачи Нехру, Насер, Сукарно, Тито и други беа исчезнати од животот и политичката сцена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)