војнички (прид.) - поздрав (имн.)

Минаа крај дипломатскиот кор со војнички поздрав. Го познаваа сите, познаваше и тој многумина. Запре кога ме забележа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Квечерина ја раздиплуваше известената војничка карта И на неа се мачеше да го распознае својот глас Врз полегнатата војска низ полето Ја корнеше мовта, го соголуваше камењето на тврдината Раскопуваше низ полето, ги чистеше рововите, И некаде на залез, студен ветер кога надоаѓа од замаглените ѕвезди, Тој долго стоеше простум и со војнички поздрав сам си ја пееше песната некогаш што ја пееја неговите момчиња: Отвори ја вратата, можеби ноќва ќе се вратам...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Јасер Арафат имаше среќен израз на дете кое најпосле ја добило најсаканата играчка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)