восочен (прид.) - фигура (имн.)

ВОСОК Да пишував за време на Тито Денес ќе бев привилегиран Ќе добиев восочна фигура во музеј
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Процесии, состаноци, воени паради, изложби на восочни фигури, филмски претстави, телекрански програми - сето тоа требаше да се организира; требаше да се подигнат бини, да се направат модели, да се состават пароли, да се напишат песни, да се пуштат гласини, да се фалсификуваат фотографии.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На шестиот ден од Неделата на омразата, по парадите, говорите, извикувањата, пеењето, транспарентите, постерите, филмовите, восочните фигури, удирањето на тапаните и завивањето на трубите, по тропотот на чизми во марш, чкрипењето на гасениците на тенковите, брчењето на бројните авиони, пукотот на топовите, по шест дена исполнети со сето тоа, кога големиот оргазам наближуваше до својот климакс, а општата омраза спрема Евразија завршуваше во таков делириум што толпата, само да можеше да ги дограби оние две илјади евразиски воени заробеници што требаше да бидат јавно обесени на последниот ден од прославата, без секакво сомнение ќе ги раскинеше на парчиња со сопствени раце - токму во тој момент беше објавено дека Океанија сепак не била во војна со Евразија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон добро го знаеше местото. Сега беше музеј што се употребуваше за различни пропагандни изложби - модели на ракетни бомби, на пловни тврдини, на восочни фигури што ги илустрираа злосторствата на непријателот и слично.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Смрта не е ништо таа е природна, па јас можам да се справам со неа, ама ова горест... ова чудо од измачение на камбаните кои предсмртно биеа во мене сотрувајки ме до последно зрнце... јас не се гледав повеќе себе..... само некоја земска восочна фигура врвеше низ песпатот, тркалајќи се во густиот снег...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Рада ја загуби бојата, повеќе личеше на грубо изработена, восочна фигура.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И виде: литографија на Рембрант - восочни фигури со однегувани лица собрани околу восочен труп, распорен со еден хируршки замав; проказно сив кактус со многу боцкави очи; ред дебели книги со црвени и црни корици; далеку од нив , во притаениот агол заборавена детска играчка-памучен палјачо со истргната нога.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Меѓутоа, кога ќе погледнеме повни­ мателно, лицето на Сид Вишоуз не е лицето на Вишоуз туку автопортрет на Гевин Турк, „маски­ ран“ во типичната „униформа“ на Сид Вишоуз.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Неговото дело Pop (1993) всушност е восочна фигура која, посебно во лондон­ски­те услови во кои­што живее Турк, упа­тува кон достигнува­ње на бесмртноста згрижена во Музејот на восочни фигури како популарно му­зеј­­ско собиралиште, далеко попосетено од кој било друг лондон­ски музеј. 13 Наведено во Sarah Kent, Shark Infested Waters, стр. 16. 14 Види Марина Мартиќ, „TRUSTNO1“, New Moment 5, пролет 1996, стр. 94-5.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За разлика од тоа, последниот уметник во овој преглед, Gavin Turk (р. 1967) во потполност им се подредува на прашањата на популарноста, на популарната иконичност, без осврт кон самиот медиум кој е само безлично средство, веќе проверено како неуметничко.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но позата на Вишоуз не е поза карактеристична за него (симната од некоја фотографија, како што обично се прави при изработката на восочни фигури), туку тоа е поза на Сид Вишоуз како Елвис Присли, односно Елвис Присли онаков каков што го претставил Ворхол во својата славна серија на дела од 1962.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)