возрасен (прид.) - го (зам.)

Настинатите го мешаат медот во чајчето Возрасните го мешаат шеќерот во кафето Домаќинките со миксерот подготвуваат колач Секретарките ја мешаат работата со задоволството
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И како дете и како возрасен го чекаше снегот за да застане покрај улицата и со другарите да мава автомобили со снежни топки.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Јас мислев на темнооката Миру, на нејзината долга, мазна, свилеста коса и на нејзините нежни и тенки прсти под кои се раѓаат ѕвезди, птици, цвеќиња, овошја, облаци и животни, и знаев дека тоа што го чувствувам е она што возрасните го нарекуваат љубомора и дека нема врска со онаа љубомора со која брат ми има обичај да ми ја јаде душата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)