возен (прид.) - билет (имн.)

Од тие заби сега светкавично молсна: „Сакам возен билет за Виетнам. Може ли?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Возни билети и лични карти за преглед!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во делот од денот помеѓу пладне и зајдисонце се завршија сите работи: фотографија кај дедо Живко, писмена изјава од него дека сепак ми дозволува да се запишам на Учителска и пари за возен билет и да ми се најдат за овде.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Дедо ми и јас, двајцата со ранци на рамената, најпрво купивме возни билети до Битола.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Почетниот заплет на филмот е во следново: Да ги зароби руските шпиони по кои трага, CIA го измислува својот непостоечки агент по име George Kaplan, за него резервира хотелска соба и возни билети, ја дава облеката на чистење, нарачува телефонски разговори и т.н., за руските шпиони, од кои никој не го видел, да поверуваат во неговото постоење.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Денес знам дека некои работи погрешно ги почнав.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Веднаш, без да дадам отказ, го напуштив своето место, си ја презедов врз себе одговорноста затоа што на масата останаа неиздупчени сметки, несортирани, и не ми остана ништо друго освен да заминам дома, да ги земам парите и преку разнесувачите на вредносни пратки да ги информирам роднините за мојата нова финансиска ситуација.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неговите долгови вкупно изнесуваа речиси петнаесет илјади марки, бројот на неговите доверители над седумстотини, почнувајќи од еден трамвајски кондуктер кој му позајмил триесет фенинзи за возен билет, до татко ми кој вкупно требаше да добие две илјади марки, зашто на стрико ми Ото најверојатно му било најлесно нему да му го олеснува ќесето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Меѓутоа, единствената личност што мене ми остави впечаток за време на ова интермецо на мојата вработеност – тоа беше кондуктерот во трамвајот кој со својата алатка за дупчење билети ми го поништуваше денот; ќе го кренеше тоа парче хартија, мојот неделен возен билет, ќе го вотнеше во отворената челуст на својата справа и некакво невидливо мастило на него ќе поништеше два сантиметра – и еден ден од мојот живот – еден скапоцен ден кој ми носеше само замор, ниту приближно со онолку пари колку што ми беа потребни за да ја продолжам таа бесмислена работа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)