возбуден (прид.) - од (предл.)

Никогаш селаните не покажале таква крвожедност како тие денови, возбудени од мислата за растргнувањето на својот доброчинител“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сето тоа му расправаше сега Белич, сиот пламнат и возбуден од големите и радосни преживеаници што ги чекаат таму.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Возбуден од глетката и со помошта на топлината од радијаторот, почуствував, прво, како да ми се крена некој капак од главата, а потоа како се намрштив, веројатно повеќе од машката мачка.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Попот Ставре почна да се крсти, возбуден од постапката на мајсторот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„А овде е?“ скоро викна ибн Тајко, возбуден од двосмислените одговори. „Кој е овде?“ се насмевна бегот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„M’ња те м'снало, Недо, м'ња'" — си велеше таа ноќе кога се разбудуваше, возбудена од сонуваниот сон.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)