воен (прид.) - разузнавачки (прид.)

Некои од информациите успевале да пристигнат и до претседателот на државата, но во тој период ниту еден од чиновниците во Белата куќа не се обидел критички да ги селектира и да ги анализира информациите што биле добиени.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во Вашингтон овие извештаи биле разгледувани од страна на службениците на Министерството за надворешни работи и биле испраќани до регионалните бироа и до воените разузнавачки служби (Службата за поморско исвестување (ONI) и Воениот оддел при Воената разузнавачка служба, познат под името G-2).
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Непосредниот механизам на државниот удар бил покренат од Англичаните, по одлука на претседателот Винстон Черчил и Антони Идн, а сите замисли биле спроведени преку британскиот пратеник во Белград, Ричард Кембел.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од своја страна, и новиот Заеднички генералштаб (Joint Chiefs of staff - JCS) во почетокот го споделувал истото чувство на недоверба спрема Донован, бидејќи бил надворешно граѓанско лице, а не претставник од војската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Несомнено, харизматичниот Донован и неговата канцеларија, со буџет од десет милиона долари и со 600 службеници, биле причина за непријателство од страна на ФБИ, Г-2 и од други воени разузнавачки служби.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Глобус, Загреб 1975., 151-152. 21 Интелиџенс сервис, тајната секција „Д“ на Британската воена разузнавачка служба, чиј центар се наоѓал во Белград; Управата за специјални операции (СОЕ) ги ангажирале пробритански ориентираните граѓански политичари, офицерите англофили, Српската православна црква, која преку Николај Велимировиќ и патријархот Гаврило Дожиќ, имала многу блиски односи со Англиканската црква.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)