воен (прид.) - единица (имн.)

Калето и натаму беше опкружено, но немаше движење на воени единици.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Одродени, откинати од татко, мајка,од вера, од браќа и сестри, од сите свои уште како деца на воз­раст од 12 до 15 години, во името на законот, односно данокот во крв наречен девшурме (одбирање), ги учеле во Цариград, во специјални воени училишта, на сите воени вештини, па кога ќе завршеле, стапувале во елитните воени единици како јаничари.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
По капитулацијата на Италија (8 септември 1943) дел од италијанските единици концентрирани во Западна Македонија биле разоружани од партизанските одреди на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 7 април германските воени единици продолжиле кон Куманово, а настапувале и кон Царево Село-Штип-Велес.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Истиот ден биле заземени.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 8 април Германија побарала од Бугарија воено-полициски сили за преземање на окупираната територија на Македонија од германските воени единици.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Германските воени единици и Бугарите се повлекувале према Вардар-Градско-Велес-Штип-Кочани-Горна Џумаја и Велес-Скопје-Качаник.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во почетокот на декември 1943, германските воени единици потпомогнати од страна на албанските колаборационисти презеле концентрични офанзивни акции на слободната територија во Дебарца против единиците на НОВ и ПО на Македонија, насочувајќи го својот удар против Првата Македонско-косовска ударна бригада.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во периодот од 25 април до 19 јуни 1944 окупаторските воени единици презеле низа офанзивни акции во реонот на Поморавјето и во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На Струмичкиот сектор по кратка борба германските воени единици избиле на југословенско-грчката граница кај Дојранското Езеро.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
За тоа бугарскиот амбасадор во Германија Дрангов, ќе соопшти дека “по наредба на Хитлер, Рибентроп ме задолжи да ја соопшти желбата на фирерот, со три дивизии да се влезе во српска Македонија како окупаторски војски и да ја преземеме администрацијата, за да се ослободат германските единици од таа грижа, а да бидат употребени за дејство.”
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во Западна Македонија таа улога ја презеле врз себе колаборационистите со италијанската окупаторска власт, од редовите на Албанците, кои добиле оружје од германските воени единици за уништување на НОВ и ПО на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Разгорот на оруженото востание и приливот на нови борци по капитулацијата на Италија создале услови за формирање на покрупни воени единици.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Тие станале основната вооружена сила која се борела против единиците на НОВ и ПО на Македонија потпомогната со мал број германски сили.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во таква ситуација ГШ и ЦК на КПМ во почетокот на декември 1943 заклучиле дека е потребно единиците кои се наоѓале на тој терен да се префрлат во делот на Македонија под Грција во реонот на планината Кожуф.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во Пролетна офанзива особено на удар била изложена Првата македонско-косовска ударна бригада.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Скопје бил заземен на 7 април 1941 година.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 18 август 1943 била формирана првата покрупна воена единица на НОВ и ПОМ баталјонот “Мирче Ацев”.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 23 септември француските и српските единици влегле во Прилеп, на 27 септември бил заземен и Велес, а на 29 и Скопје.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во неговите воени единици со тек на време влегле и голем број Македонци кои на тој начин настојувале да добијат подобрување на својата положба.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Како резултат на тоа ГШ на НОВ и ПО на Македонија и ЦК на КПМ донеле одлука за формирање на Првата македонско-косовска народноослободителна бригада на 11 ноември 1943 во с.Сливово.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Потребано е да се истакне дека дотогаш грчкото движење на отпорот го имало опфатено скоро целокупното население, а исто така имало организирано и бројни силни воени единици.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Пристигнувањето на првите британски воени мисии на територијата на Македонија се совпаѓа со широкиот развој на НОБ и преминувањето на повисок степен во организацијата на воените единици и создавање на регуларни воени единици.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
109 На 19 декември 1943 година е формиран баталјонот “Христо Ботев“ како трет баталјон на Третата оперативна зона откако првата воена единица на бугарската окупаторска армија од 60 војници од бугарската гранична посада во с. Коњско, кои по долга политичка работа од страна на партиските активисти на КП од теренот со нивниот командат Дичо Петров преминаа на страната на единицитите на НОВ и ПО на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Пролетната воена операција на Козјачкиот масив го опфаќала дејствувањето на германските и бугарските воени и полициски сили против македнските, српските и косовските воени единици во Македонија и југоисточна Србија пролетта 1944 година.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Како резултат на тоа, во текот на ноември 1943 година со сите оперативни зони во Македонија беа формирани, освен партизански одреди, и покурпни воени единици.87 Во такви воено-политички услови на територијата на Македонија СОЕ започнала со испраќање на првите британски воени мисии на територијата на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тиквешијата во НОВ 1941-1945. Материјали од научниот собир одржан на 21 и 22 јуни 1982 год. во Кавадарци. Книга трета. Партизански одреди и воени единици. Кавадарци-Неготино 1984, 123-138.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Пристигнувањето на првите британски воени мисии на територијата на Македонија се совпаѓа со широкиот развој на НОБ и преминувањето на повисок степен во организацијата на воените единици и создавање на регуларни воени единици.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во радиограмата од 3 септември од британската заднинска воена мисија Балкански воздушни сили на Фицрој Маклин до мисијата Burlesque се истакнува: „Македонските воени единици продолжуваат со успесите.“
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Партизански одреди и воени единици.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Добив наредба водот да го ставам во борбена готовност и доколку грчки воени единици влезат на наша територија веднаш да отворам оган.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во кругот на двогледот видливо се гледаше како од ридот Фалцата во наша насока се спуштаа воени единици.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Слегуваа од планините со своите воени единици, ги преземаа градовите, луѓето ги пречекуваа како своја војска.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зарем токму вака на 9 март со удари на кундак не беше растерана масата, и зарем потоа не следеше постмартовското доведување на народот во редот на воените единици?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
За време воените буни на јаничарите се превртувал казанот, а и баклавата имала коцелив горчлив вкус.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таквите јаничарски елити секоја империја ги подготвува со посебни, радикални методи: но суштинското обележје ќе биде како да ги ослободат идните ешалони на смртта, од корените на нивниот прв, мајчин идентитет, од јазикот, верувањето, од рајот на детството...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
51. ЛЕЗЕТ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кај Османлиите левент означува морнар, а во времето на јаничарите постоела и воена единица со ова име!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Новите реформи кои предвидуваа во модернизираните воени единици да се сочуваат зачуваат само најдобрите јаничарски трупи, доведоа до нивна нова генерална побуна кога тие на 15 јуни 1826 година ја запалија палатата на големиот везир и ги бараа главите на реформаторите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Големите воени организации ќе регрутираат војници од малите сателитски народи, кои ќе ги заменат малите неојаничарски воени единици како што е на пример легијата на странците...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Султановите војници како прво и главно одличје ја имаа лажицата, а и воените единици биле организирани како вид кујни, вишите офицери, биле именувани за чорбаџии, а секој одред располагал со свој казан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Големите воени организации ќе регрутираат војници од малите сателитски народи, кои ќе ги заменат малите неојаничарски воени единици, како што е на пример легијата на странците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го развеа знамето на Пророкот во Палатата, ги повика населението и улемите, да го поддржат и ги испрати морнаричките воени единици и на артилеријата да ги совладаат јаничарите во нивните касарни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За време на демократијата беше армиски офицер и клучна фигура во организирањето на гардата како полу – воена единица којашто треба да го создаде и контролира новиот поредок во земјата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Остатокот на неколку воени единици слепо од црниот знаменосец страв, збунети и споени в несреќа, со притаен шум, се тркалаа по пустиот планински пат.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Плачеше. На белата хартија стоеше дека треба да се пријам во својата воена единица.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се сеќава, чувството на бессилие, на недоверба, и некоја лутина што таму, на фронтот негде на Кожув, избликна од него како ненадеен вруток, беше причина да ја напушти воената единица на потполковник Дрангов, да го фати ризичниот пат што водеше низ линијата на фронтот и едно зимско утро во 1915- та да се најде дури на Солунското џаде од каде можеше да се насети и мирисот и здивот на Белото море.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
По реакцијата на военото и политичкото раководство, единиците биле вратени во гарнизонот на Кале и спрема организаторите биле преземени казнени мерки.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со започнувањето на декемвриските судири во суштина бил запечатен поразот на ЕАМ-ЕЛАС.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Капитулацијата на Италија на 8 септември 1943 година значела напуштање од италијанските воени единици на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На 4 декември 1944 година, воените единици на Велика Британија започнале со воената интервенција против силите на движењето на отпорот во Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, експертите ги предупредиле политичките елити дека не би требало да бидат "понесени од лажниот оптимизам од ваквиот успешен развој на настаните".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Судирите со окупаторските војски станувале сè почести, а информациите за нив преку членовите на мисиите се пренесувале до средствата за информирање на САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во тој поглед, оптимизам нудел постигнатиот договор на Либанската конференција, на која било договорено „ЕАМ и комунистите“ да влезат во Грчката влада во која свое учество би имале сите партии, така што Британците се надевале дека ЕАМ во натамошното дејствување ќе стане безопасен, уште повеќе што било договорено да се формира „национална грчка армија, во која треба да се вклучат сите единици на отпорот, вклучувајќи ги и воените единици на ЕЛАС-ЕАМ“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
85 Се однесува на демонстрациите на воените единици во Скопје, кои барале заминување на Солун наместо на Берлин.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Веста за можната капитулација на Италија единиците на ГШ на НОВ и ПО на Македонија ја дочекале подготвено.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со самиот прилив на нови борци доаѓало до формирање на поголеми воени единици.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)