воен (прид.) - база (имн.)

Дали само на луѓе од Канада, преселници од Егејцко, оти е тука блиску границата, или и на други, за воена база или за нешто друго, не се знае, па и не е важно, велат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во текот на подготовките пред заминување во мојата мисија за амбасадор во Тунис и при државата Палестина, пред заминување на амбасадорските постови ги посетивме сите југословенки воени бази и една подморница во близината на Сплит. Се викаше Лора.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Советските трупи се инсталираа во воените бази на земјите учеснички (Чехословачка, Источна Германија, Унгарија, Полска, Романија и Албанија (до 1968 година).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Типот работеше во Косово во Американската воена база.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И одеднаш ме зароби прашањето – дали тогаш, во тие години, кога тука нашите биле, имало православна црква среде италијанската воена база, а би требало да има католичка, или од некого е градена подоцна за спомен на тие кои тука битисувале?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Значи овој нај неплоден дел со договор го купи Италија за да го користи 99 години и тука изгради воена база.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тука во Перењас, а веројатно за полесно да се изговара е запаметен како Прењес, сместен на крајот од оваа котлина, која гледана од горе, личи на огромен казан, пред шеесет години во бараките, коњушниците и магазините на напуштената некогашна италијанска воена база ги беа сместиле нашите, а јас Прењес го запаметив на поминување.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)