воден (прид.) - пат (имн.)

Беше силно чувството дека еден ден, по воден пат, ќе им се придружиме на дамна заминатите и сите заедно ќе го бараме патот на враќањето...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Игор Лозински како да ги погодуваше неговите мисли: - И така почна да се остварува една од најапсурдните наредби на Сталин - да се гради „водениот пат“ кој требаше да ги поврзе Балтичкото и Белото Море, минувајќи низ реката Свир, крај езерото Ладога, да стигне до градот Повенец, на крајниот север, на езерото Онега, и самиот Беломорски канал да заврши во пристаништето Биеломорск, на самиот влез на Белото Море.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Со морето е врзан со канал, низ кој се одвива водениот пат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ова навидум банално минување на десетина километри воден пат, од едниот до другиот брег на Езерото, за Татко значеше да си ја остави мајка си на другиот брег, со измачената душа, да си ги остави братот и сестрите, како некогаш, поради заминувањето во Цариград.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На моменти тие се собираат толку многу што ти се чини дека ќе се судрат, дека по овој воден пат се влечат многу повеќе бродови отколку автомобили по нашите патишта.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Нејзиниот живот и кружно патување по водениот пат на планетата Земја, уште повеќе го пленеа по кажувањата на Игор Лозински.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)