внимателен (прид.) - кон (предл.)

ПРВ ДЕЛ Крајот на книгата и почетокот на писмото Сократ, оној кој не пишува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Можеби трпеливото размислување и строгото испитување на она што сѐ уште про­визорно се нарекува писмо, далеку од тоа да останат од оваа страна на науката за писмото или пребрзано да ја “отпишат” од некој опскурантистички разлог, овозможувајќи ѝ, напротив, да го развие својот позитивитет колку што е можно повеќе, можеби тие се талкањето на една мисла верна и внимателна кон светот кој нескротливо доаѓа и кој се најавува во сегашнината, отаде затворањето на знаењето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не можам да се пожалам дека не беше внимателен кон мене, но како да немаше некоја жар во нашата врска.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
А што се однесува до Оливие тој беше многу сентиментален, романтичен и внимателен кон другите.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Секогаш доволен од себе си, учтив и внимателен кон сите, особено кон своите другари, тој во кружокот на гемиџиите беше најсимпатичниот, најсаканиот главно поради неговиот голем идеализам, скромност и добрина“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Наполно сум сигурна дека госпоѓата Лејбовиц, таинствената дама на која ѝ е посветена Твојата последна книга деветтата книга од Твојот балкански серијал што продолжува решила да Ти пишува токму затоа што ја почувствувала и среќно ја декодирала токму неискажливата димензија на Твоето авторско писмо: неговата имплицитна тишина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Макар што тоа никогаш не го формулирала експлицитно ниту тогаш, ниту во другите свои писма, што Ти ги испраќала с до 24 декември 2002, кога соопштува дека повеќе нема да се јавува, туку Те остава под закрила на твојот имагинарен ангел чувар... оваа внимателна читателка на Твоето книжевно писмо целосно е убедена дека тебе те создала и те промовирала во писател токму силната љубов на Твоите родители, под чија сигурност и закрила живееш и сега, години по нивната смрт.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Оваа состојба тешко би можела да се дефинира, доколку нема свои корени во длабочините на душата. (Старова, ibid.) Целата ваша натамошна кореспонденција, во која Елен Лејбовиц постојано се докажува како исполнителна, темелна, максимално посветена на Твојата литература, дури и мајчински внимателна кон нејзиниот автор... целата, велам, кореспонденција и не се занимава со друго освен со длабините на душата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Биди внимателен кон неа, за да поживееш подолго на земјата, зашто навистина ја носиш со себе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)