внатрешен (прид.) - ритам (имн.)

И јас, од мојот агол на амбицијата, како да следев некаков внатрешен ритам на величина, на лажна моќ, во која е вклучен ризикот, без доволно да се помисли на него.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но ме восхитува и вашиот напор заеднички да ги разбереме француските издавачи во овие тешки времиња за книгата!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Вистинските книги имаат свој внатрешен ритам, моќ да го освојат и задржат читателот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ме восхитува твојот говор без аскеза без пауза клесан ко глинен глаголски натпис обоен и обол, со густ внатрешен ритам на мит и лира на плот и жедба твоето лице ко отсутност изгребано ко ѕидини на древни светилишта од рески и црти шифри и датуми ко забранета и жигосана книга по којашто се топела душата и го прелевала својот акварел не повторувајќи ниту еден потег.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)