внатрешен (прид.) - план (имн.)

Напати, преовладуваше уверувањето дека историјата на човекот е всушност остварување на сонот за слободата, да се дојде до совршен политички поредок на внатрешен план.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во пловидбите на Титовиот Галеб се дополнуваше југословенската историја на која Тито даваше посебен тек.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со таа промена, ФБИ, Г-2 и ОНИ се етаблирале како заштитници на контраразузнавачките дејности на внатрешен план.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Императивите на надворешен и внатрешен план остануваа исти: да се брани неврзаната политика и да се работи на унапредување на економските односи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во бродот Галеб Тито бараше патишта во светот на неврзаните за да ја зајакне на надворешен план Југославија, но се обидуваше и на внатрешен план да ги разрешува, помирува противречностите, преку одбраните умови и интелектуалци на антагонизираните народи (посебно Србите и Хрватите), преку врвни интелектуалци, политичари, писатели.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во таква ситуација, ОСС развила способен контраразузнавачки апарат за работа надвор од САД, познат под името Оддел Џ-2, кој немал право да дејствува во Западната хемисфера, нешто што, пред сè, било резервирано за ФБИ и за координаторот на внатрешните американски работи - канцеларијата на Нелсон Рокфелер.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)