владин (прид.) - војник (имн.)

Ниско наведнати и со скокови, се доближуваат владините војници.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Цана? Ах, да, ја фатија неа владините војници. Ја испоганија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Прудолу бегаат владините војници.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На борците им велеше дека владините војници секој ден јадат бел леб, варено и печено месо, чоколади, дека наутро пијат млеко, чај со рум и кафе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Владините војници, прескокнувајќи ги оние кои паѓаат, грабат напред.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од целото преспанско боиште и од другата страна на езерото, па сѐ до кај што држи границата, со џипови и на носилки носат убиени и ранети владини војници.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од пушкарницата гледа како бегаат прудолу владините војници.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Селаните од околните села, кои не успеаја да избегаат отаде границата и заробените борци на ДАГ, натерани од владините војници, ги собираат убиените.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тракаат автоматите. Скрши јуришот. Владините војници залегнуваат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И одново специјален курир донесе партиска директива, која беше наредба: - Во партизанските одреди да не се примаат повеќе доброволци; да ги враќате дома, а на заробените владини војници и офицери да им ги земате униформите и по гаќи и боси да ги терате да се враќаат....
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога го врзав крајот од ортомата за елата, ми пријде еден албански наредник и, помагајќи ми да ја врзам ортомата ми рече дека владините војници вчера слегле од Стените, го зазеле Крчишта и веќе копаат ровови на ридот Синадеврид. Ги знаеш тие места, нели?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Си мислевме дека нашите ќе ги потиснат владините војници и ќе си се вратиме дома.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)