владејачки (прид.) - класа (имн.)

На тој начин посматрана, културата привилегира формирање на вкус во естетска смисла, се разбира, според стандардите на владеачката класа (Бетовен е култура, додека слушањето на пијаници што пејат не е - освен ако не станува збор за етнолошко истражување, носталгија, или за снобовско истражување на кичот) (...)
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Војната била сигурна одбрана на духовното здравје, а кога биле во прашање владејачките класи, војната била веројатно најважната од сите одбрани.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„ Лакеи!“ ќе речеше, „Лакеи на буржоазијата! Подлизурковци на владејачката класа!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Додека војните можеле да бидат добиени или изгубени, ниту една владејачка класа не можела да биде целосно неодговорна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во крајна линија, решавачки фактор во сето тоа е менталниот став на самата владејачка класа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Владејачката класа која би можела да се брани од сите нив, би можела да остане на власт постојано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)