витешки (прид.) - натпревар (имн.)

Оној млад човек кој и додека чекори се чеша од стапалата до главата и назад ќе стигне до бедемите на друг град, и ќе посака таму да влезе, но ќе го убие еден витез, кој неколку дена пред тоа ја освоил својата сакана на витешки натпревар и ѝ испеал песна, со рими искажувајќи ја својата љубов.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Онаа жена што си го бараше своето детенце ќе ја силуваат друмски разбојници, ќе ја водат со себе, а потоа ќе ја остават, и таа ќе умре во сон, покрај едно дрво, гушкајќи го врзопчето партали, кое ѝ беше дете. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)