витален (прид.) - функција (имн.)

Макавеев всушност, го цитира Хичкок.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тие мерки ќе ги укинеме самите кога ќе умреме, кога ќе цркнеме, кога ќе пцовисаме, кога ќе оскинеме конци, кога ќе ни терминираат виталните функции.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Според гледиштето на Хабермас (слично на песимистичките гледишта на Адорно и Хоркхајмер во нивната „Дијалектика на Просветителството“), при преминот од пазарен капитализам и либерална демократија во државен/монополистички капитализам и либерализам на социјалната држава, државата и јавната бирократија сѐ повеќе продираат и во економската и во јавната сфера, а државата и корпорациите ги преземаат виталните функции на јавната сфера, дегенерирајќи во процес на доминација.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Доцната модерност доведе до пропаст на јавната сфера.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Дали некој ќе ти каже да ти терменират виталните функции или цркни, не ја менува битно работата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)