вистински (прид.) - чувство (имн.)

Додека некој како Бјонсe ни дава, општо земено, неиронична стрејт-музика што можеме да ја прекодираме во геј-култура, Гага ја врши работата наместо нас“.138 Сепак, постои разлика, тврди Шерер, помеѓу претходните хитови на Гага, како „Покерашко лице“ и „Ваква родена“: првата е, „на површината, песна за кокетна женска што си ги крие вистинските чувства од дечкото што ја лови и кого таа го лови, но поттекстот е покерашкото лице на плакарот што ја крие и ја глуми сексуалноста, а тоа е она што песнава ја направи онаков хит меѓу геј-публиката на Гага: песната ги содржи клишеата на стрејт-поп-песните, додека лукаво го протнува овој настран поттекст“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Преку нив ќе се отворат сите јазли на дилемите за тоа какви се вистинските чувства.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Никогаш не го имав вистинското чувство каде да запрам.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Какви беа неговите вистински чувства спрема Големиот Брат ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кажи ми, Винстоне - и запамети, без лажење: ти знаеш дека јас сум секогаш во состојба да ја препознаам лагата - кажи ми, какви се твоите вистински чувства за Големиот Брат?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)