вистински (прид.) - мајка (имн.)

Понекогаш ѝ завидував на Ели, што дури ако татко ми се реши на најстрашното за мене, Ели можеби ќе може да поверува дека таа друга жена е нејзина вистинска мајка, која подолго не била тука.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ели се помалку ќе се сеќава на мама, нашата вистинска мајка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Се плашев во одговор на нејзината фалба дека мајка и е учителка да не и речат дека Вера не и е вистинска мајка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Но, не само што не се врати на старо, туку стануваше сѐ бетер и бетер.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се надевам дека набрзо ќе заборави и повторно ќе стане онаа истата, мајка – другарка, како што многу сака да се нарекува себеси, а не вистинска мајка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа ти е благодарност што те чувам како да сум те родила, како вистинска мајка.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
На детето му треба вистинската мајка.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Еден ден таа се сретна и со мојата вистинска мајка.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Мајката Дора, жената на Борис Биџов, кон нас се однесуваше како вистинска мајка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Таа за Пелагија размислуваше како за свое дете, а и Пелагија ја чувствуваше како вистинска мајка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Луѓе мои, се колнам, тоа беше мајка, вистинска мајка, видовме како рацете на татенцето попуштија, се занишаа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Жената беше без грешка, вистинска мајка на децата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Се присети и на онаа приказна од светите книги во која судијата ќе пресуди детето (за кое секоја од двете мајки тврдеше дека е нејзино) да биде располовено на еднакви делови бидејќи немал доволно аргументи која е вистинската мајка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се разбира, во приказната вистинската мајка ќе се откаже од својот дел бидејќи за неа најважен е животот на малечкото.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Имаше зборови кои како вистинска мајка ги кажуваше под диктат на рефлекс: Сине, внимавај, не претерувај со работата, не ги вкрстувај рацете кога лежиш, сине.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А ќе ѝ го открива патот до новата, вистинската мајка на Балканот, во тешките воени времиња, во светскиот пораз на човештината на Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ервехе си ја имала вистинската мајка отаде животот, а далеку била и нејзината втора мајка, во Солун, нејзината мајка на животот, чудесната Клементина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)