висок (прид.) - и (сврз.)

Меѓутоа, целото високо и ридесто крајбрежје на Рајна, и од една и до друга страна, е послано со лозја, па други и под самите врвови, кои некаде се повисоки од скопско Водно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој беше убав, висок и сериозен триесетгодишен маж.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Трајко беше обдарен со снага. Крупен, висок и развиен.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Се исправи без придржување, сама мина покрај нас, кои стоевме како ангелосани, и направи неколку чекори од ходникот до пијаното, огромно висока и непрепознатлива по неколкумесечното лежење во хоризонтала...“ ја опишува Марина Цветаева предсмртната средба на нејзината тешко болна мајка со пијаното.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Оти не е исто кога паѓа високиот и кога паѓа нискиот; оној од врв на светот што паѓа може да сконча, а оној од ниско што паѓа може само болка мала и минлива да сети.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мажите беа средни по раст, витки, цврсти и не многу зборливи, жените пак, дотерани во свила и кадифе, со високи и натаврени шапки на главите, прилегаа на светиците и болјарките од фреските и иконите во црквите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И двете беа русокоси, високи и стројни како самовили а умреа во најрадосно време за една мома и за нејзините, кога беа свршенички.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш сите му поверуваа и се стаписаа, а војниците и полицајците се втурнаа на него, за да го фатат и да го врзат, но Димко, и ако беше дечоан, беше истеран на татка си, јак, висок и малку згрбавен, се разврти со стапот и неколкумина од нив зеде по глава.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А бе овој е будала, сите ќе нè истепа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Високите и разгранети платани ја истураа сенката во жуборливите шадрвани во кои се губеше шепотот на верниците.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Рози имаше нежни црти, чист и мазен тен и висока и грациозна става.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ќе ти кажам дека мене не ми е битно: Како се викаш, што работиш, како заработуваш за живот, дали некаде членуваш, како се облекуваш, каква музика слушаш, колку години имаш, во која фирма работиш, како ги трошиш парите, кој јазик го зборуваш,колку си висока и тешка...
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Зимите студени и со многу снег и виулици кои создаваат високи и тешко проодни намети.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Многу народ се насобра на таа гола, мочурлива ливада што беше распослана покрај морето и обрасната со трње и со високи и остри бодликави тревишта и засмрдена од нешто гнило.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но во себе, некаде од своето дно, во онаа белина на својата будност, тој понесе од тука и еден скришем зачекан, оптегнат лак, исто како онаа исукана бичкија, висока и спремна секој миг да се вкопа во трупецот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Една долга врвица од дваесетина дивокози се нанижа на најостриот дел од сртот, беше еден црвен срт, а дивокозите наизлегуваа чиниш прозрачни и како сонувани по него, недофатливо високи и тенконоги, целите како во некој сребрест оклоп на одблесокот, дури цевени од него, со стократно наголемени сенки, што се издолжуваа дури до другиот срт отспротија, зачекорени и мирни, и сосема, сосема спори во приближувањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И штотуку месечината се поткренала зад ред јасики и штотуку сув ветар удрил во високиот и тесен прозорец на неговата куќа-кула, еден од помошниците на мулазимот со неколку стрелци и бекрии го повикал прегладнетиот непокорник да се предаде: на оној што се кае, алахот и султанот му простуваат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И во своите педесет и три години се надевал дека ќе има деца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Обиди се да ги догледаш. Луѓето можат да бидат попрозначни и од стакло.“ Брат му се исправи висок и сув; суровите брчки под едното око му го изменија ликот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Потоа, висок и ишчешлан, гледајќи ја Јана мирно в очи, соопштува - тој беше луд; сега седи зад решетки и гризе малтер.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Понекогаш, ноќе, додека барав и запишував реченица по реченица на овој реквием, чин на почит кон мртвите на кои им се восхитуваме за нешто од нивниот живот, ја замислував во полутемнина и во златна рамка како дело на стар мајстор, висока и чедна како Ерменка (сеедно што можела да биде од словенско или еврејско потекло), во темнолилав брокат или сомот од кој нежно се одвојува син појас; незините полуотворени усни се вкочаниле во миг на воздивка, градите под низа на бел корал или балтички јантар живи се но не дишат исчекуваат нешто, сепак, тукуречи како на чудотворна слика, дамарите на нејзиниот долг врат го отчукуваат времето на онаа вечност што не може да се нарече и враќање; рамениците стегнати во шал од кашмирска ткаенина се тесни, историјата не можела долго да се потпира на нив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Моите чекори глуво одѕвонуваа помеѓу двата реда високи и безоблични бетонски згради.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се сети на еден човек со кој се размина на улица пред неколку недели: еден наизглед сосем обичен човек, член на Партијата, на триесет и пет до четириесет години, висок и тенок, со актовка во раката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ние сите во фамилијата, вели, освен Борко, сме високи и подвиткани.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Онака висок и малку подвиен, рус, со високо потстрижена коса и со сини очи, ми ја заклонуваше глетката кон езерската шир.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Нормално одреден број на стопанственици сметаат дека одредени права се многу високи и дека треба драстично кратење.“
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Од под една бука стана и се упати кон нив висок и строен партизан. Трајче го препозна. Тоа беше Планински.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Утредента, додека сонцето сѐ уште се готвеше да отскочи на небото и да продолжи да ја пече жетвата, дедо Бошко, онаков сув, висок и подгрбавен, излезе од дома.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Од македонскиот џип излегоа жената со косата во колак над темето и еден висок и слаб маж, додека пак од грчкиот џип две жени дури и помлади од Пелагија со пријатен изглед и убаво облечени и еден маж свалкан како топка кому можеше да му се одлачи само малечката глава.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сѐ што уште може да трча, да оди и да се влече, се упатува кон високите и густи трски.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Цињка се стрчува и кога пречекори праг, забележа дека покрај неа ја нема високата и стројна самовила облечена во бел фустан.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Некаде пред утрото почна да врне. Нашата соба имаше само еден прозорец, висок и тесен и стоев крај него и го набљудував дождот како твори река на сребрени иглички.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Но, кога го видела колку е низок и малечок нејзиниот свршеник а таа висока и јадра, си рекла – сепак, сполај му на Господ, тоа ми била среќата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Кажуваат дека таа клисура на Вардар е чудо божје, а тие високи и стрми карпи се седела само за орли.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Марко беше во ставата висок и тенок.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Некако во моментот се сетив на сѐ што поминав со Холанѓанецот кој сега стоеше висок и згоден пред мене.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А кога ќе запече сонцето житата бујат, израснуваат високи и в лето даваат богат род, - заврши дедо Стамен.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Беа еднакво убави, еднакво високи и еднакво среќни.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)