висок (прид.) - државен (прид.)

На солунската станица имало силна полиција, биле присутни сите солунски конзули и високи државни службеници, а веднаш до нив и неколку гемиџии со динамитни бомби во џебовите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Први се доселија во Скопје, добија високи државни функционерски места.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Читаше што имаше некогаш запишано за јаничарите, за јаничарството на својот народ, за тие први везири, (садраземи), министри, војсководци, паши, чиновници на високи државни служби, кадии, имами, дипломати, посебно многу претставници на јаничари по перо, кои ја испишуваа историјата на царството, но и отворено или скришно и на својот албански народ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)