висок (прид.) - рид (имн.)

Некои велеа дека живее во мало куќиче на крајот на градот, сето обраснато и обвиткано со бршлен и анамска рака, покрај која минувала браздата што доаѓа од стерната на Аузо (така го викаа изворот што се наоѓаше под високиот рид исправен над градот).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Затворот се издигаше на висок рид, жестоко оголен од ветрови и сонце.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога една од мајките рече: - Сонцето изгрева онаму каде што расте големото дрво, - многумина тргнуваа накај големото дрво што растеше на високиот рид и велеа: Одиме кај мама.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кадијата и беговите да си направат овде – на земјата – рај, а сејмените – да си го осигураат него на оној свет, кога веќе овдешниот беше зафатен од посилните та немаше место за нив. Co вакви пеколни мисли колоната го помина селото Штавица, кое одамна беше чифлиг на Сефедин-бег и излезе на високиот рид Слива, од каде што се прогледа мариовската котлина обрастена со честа борова, букова и дабова гора.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тогаш, отаде патот – од десната страна, под високиот рид над кој белееше палатата на албанскиот крал Зогу – бели вили со широки дворови во кои растеа овошки од портокали, смокви, лимони, мандарини и ги красеа палми и многу трендафили.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Високи ридови, некои голи, каменети и карпести, столетни борови и шумите мрачни, студени водје ги делкаат клисурите, а ноќите ведри и небото извезано со ројови ѕвезди и се чини толку се блиску, што само рака да испружиш и ќе ти легнат на дланка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Штом го допи, издивна и се задиши како кога човек ќе се искачи на некој висок рид, но сепак радосно и гордо им рече на другарчињата: - Деца, испив десет шишиња!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ноќта ја помина на некој висок рид. Ја бркаше месечината, што од непознати причини се беше спуштила речиси на дофат, но при секој негов обид да ѝ се приближи таа отстапуваше токму онолку колку што тој мислеше дека ѝ се приближил.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И веќе си мислев како еден ден ќе мораме да се искачиме и на високиот рид.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)