висок (прид.) - прозорец (имн.)

Проклет да бидам, каде ќе излетаат, тоа беа високи прозорци, речиси до таван, и надежта да се остане жив беше никаква.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Според старото правило дека клинот со клин се избива, кога ќе го почувствува неподносливото стегање во внатрешноста на черепот, Константин З. ја врзува главата со свилена ешарпа што потоа силно ја затегнува, и онака врзан околу, во последно време проќелавената глава, врвејќи покрај огледалото со конзола во кое го следи својот комичен одраз со ешарпата чии краеви му паѓаат на рамениците, мрцлаво влечејќи ги пантофлите по паркетот од неговата служебна квартира, оди до високите прозорци, ги навлекува тешките драперии и кога во просторот ќе зацари смирувачката темница, легнува во празниот брачен кревет од својата спална соба и конечно почнува да се опушта.  З. не е самец, иако тука, во Скопје, живее самечки живот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ја доѕидував, збор по збор Со ластовиците под стреата, со голиштарците Со ноќните пакувања на куферите Со прераскажаната кланица за јагниња Со високите прозорци за плачење Со промајата, со гостите, со јадењата.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
И викање: - Нејќам, нееејќааам! – како некого да го гонат да скокне од висок прозорец. Ој, чуда!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Гледаше лице на момче залеано од виделината што паѓаше од високиот прозорец и од тоа изгледаше тенко и бледо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Собава е поинаква од претходната: многу попросторна, со високи прозорци заштитени со рогозина, шарени теписи по ѕидовите и небесно син таван.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)