висок (прид.) - кула (имн.)

И така, ибн Бајко остана и сега само загледан одоздола во високата кула, без да знае какви мердевини да стави за да ја искачи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Денеска ги нема високите кули, го нема стражарот со острата сабја и бојното копје.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Човекот виде што правиме во песокот, се насмеа, ја остави чантата и почна да прави некаква чудна куќа со дебели ѕидови, високи кули, широки врати, со стражарници, со топови, оградена со вода, ја правеше и ни раскажуваше за некои кралеви, во стари времиња, за маѓепсани принцези, за змеови.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Паметам, јас и моите врсници бевме уште деца кога истиот тој Бунде нѐ искачи во високата кула среде градот со единствена цел да не фрапира вадејќи ја од панталоните назрејаната скапоценост со глава на лисец.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ни во еден момент не помислив дека станува збор за ваше дело; дека вие го имате аранжирано тој панаѓур низ кој имав несреќа да поминам!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Веднаш сфатив, оценувајќи ги внимателно размислите, дека во овие нови околности на нашиот живот неговата силина и машкост многукатно се имаат зголемени со оглед на местото и положбата што ја заземаше во извршната власт.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Значи пред Грофот сепак го немам спомнато името на неговиот началник или шеф Бунде и не знае ништо за нашите средби од детството во високата кула? - Раскажував само за она што се случи!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но ваквата желба ја остварив во Сахзенхаузен - тоа е еден од подалечните квартови на Франкфурт, во кој има неколку пиварници и една многу висока кула, во која можеш да се искачиш на височина од 144 метра над нивото на Мајна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)