висок (прид.) - глас (имн.)

Беше толку изнервиран што ја слече топлата волнена блуза, ја фрли, и гол, само во маица, стоеше на сред студената соба и викаше со висок глас, речиси фалсет. Беше ужасно!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
— Ете го спаијата — рече коџобашијата со висок глас.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Сакиин дурунус!“, се слушна високиот глас на онбашијата, и вревата тој час секна.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Знаеш Влатко, кога одев во градинка игравме и пеевме - Коп, коп, коп, копам леичка!“ - пееше Нина со висок глас.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)