виолетов (прид.) - боја (имн.)

Во таа соба се случуваа настаните врзани за виолетовата боја од виножитото во водите на Тиса.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Белата пена се измеша со последната виолетова боја на ѕуницата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И виолетовата боја на светлината ја плаши, а сината ја намамува иако нешто ѝ кажува дека треба да бега од пријатната сина боја и утеха да бара во начната виолетова боја.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Влегува Елеонора Шнап: во фустан со виолетова боја и со монокл.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)