видовит (прид.) - и (сврз.)

И што сетне? Ни сам не си свесен за сопствените дарби а всушност, глас се разнел насекаде - низ Фокида, Беотија, Тесалија, Македонија - дека си видовит и допирот дека ти е лечебен а речта - провидение! ………………………….
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Неговиот внатрешен метеж ги обземал и другите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се изненадив на зборот „работам“. Овој збор најмногу, во ваков контекст, го употребуваат оние што се претставуваат како видовити и надрилекарите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше видовит и во многу нешта даровит.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Зошто се патува по невиделица, зошто не се слуша гласот на видовитата и од господа почитувана старост?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Видовита и оргазмична енергијата од далеку зрачи: да ги исцелиме – да станеме цели и желни по спротивниот пол.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)