видлив (прид.) - насмевка (имн.)

Одвај видлива насмевка полека ги искриви аглите на устата на О'Брајан додека гледаше надолу во него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сарказмот, одвај видливата насмевка на крајот од усните, блесокот во стеснетите очи, одмерените движења на рацете и честите шрекини со менливата боја на гласот, оставија силен впечаток кај сите присутни.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Малечката Пелагија сериозно чекори меѓу нив двете, ама дека срценцето ѝ е полно со радост кажуваат нејзините очи исти како сината срча на небото кои ту се лепат на одвај видливата насмевка на мајка Перса, ту на сериозното лице на мајка ѝ која како да води некој безгласен разговор во себе.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Таа како да знаеше. Малку, сосема малку ја подзаврте главата кон него, го погоди со еден миговен поглед осенчен од загадочна, одвај видлива насмевка, затрепка како да распрашува бисерен прав препуштајќи му ја на некое внатре што дувка кон Еда и пак го врати право пред себе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Старичката се насмевна. Тажна и болна, одвај видлива насмевка. Се згустија брчките на челото и лицето.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)