вештачки (прид.) - јазик (имн.)

Или, како што нараторот вели, парафразирајќи ги тие ставови: Идејата сите народи да зборуваат само еден јазик е исто како да собереш коњи, магариња, кучиња и камили и да ги натераш со силата на стапот сите заедно да рикаат, без оглед на нивниот вид.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Полемиката сѐ повеќе се вжештуваше, на едната страна остана непомирливиот Спироберг, а на другата сите приврзаници, други научни авторитети, за прифаќање меѓународен вештачки јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тука не се пропушта, се разбира, да се спомене и балканската гордост, Фаик Коница, кој под псевдонимот Транк Спироберг, се вклучува во европската полемика со тезата дека секој природен јазик со непречена милениумска еволуција, има поголемо право да биде избран за универзален јазик отколку сите вештачки јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако добро те разбрав: јазикот есперанто или кој било прифатен вештачки јазик би бил јаничарски поставен кон другите природни јазици!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Фаик Коница се вклучи во полемиката под името Транк Спироберг, со тезата дека секој природен јазик со непречена милениумска еволуција има поголемо право да биде избран за универзален јазик отколку сите вештачки јазици...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За среќа на едни, за несреќа на други, никнуваа како печурки повеќе вештачки јазици, но никој не фати корен.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се создаваше еден вид вештачки јазик врз природниот, кој не можеше долго да издржи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На Татко, од читањето на делото на сонародникот Фаик Коница Есеј за природните и за вештачките јазици (1903) му беше позната генетичката метода во потрагата по потеклото на јазикот којашто произлегуваше од една биолошка концепција на јазикот прифатена и приспособена од германскиот филолог Франц Боп (1791-1867) во XIX век.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој потоа рече дека Татко со идеите на Фаик Коница за супериорноста на природните над вештачките јазици, за кои добил поддршка од авторитетните умови на времето како Гијом Аполинер, Реми де Гурмон и други, веќе проникнал во успешното толкување на релацијата вештачки јазици-јаничаризам во генералната тема која им беше од заеднички интерес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но и тој сепак во крајна линија беше против создавањето на меѓународниот вештачки јазик...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Подоцна за да им зададе „конечен удар“ на загрижените есперантисти, тој ќе ја напише книгата Есеј за природните и вештачките јазици (објавена во 1903 г. во Брисел).
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тогаш сè замре во ладна сива статика и бескрајна песна на вештачкиот јазик.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ги следеше полемиките и книгите за создавањето на универзалните вештачки јазици и не веруваше во нив.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)