вештачки (прид.) - езеро (имн.)

„Особено ме фрапира загадувањето на реката Дрим и преку него вештачките езера Глобочица и Шпилје.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Јазовирот“ на Панчарево е далеку, а вештачкото езеро на „Штркелово гнездо“ можат да го користат само оние што имаат свои автомобили.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дедо ми пак по мајка (мајка ми беше од Севојно, сега не постои, го покрија водите на вештачкото езеро кое се вика според селото - Севојнско Езеро), го паметам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се свртив нагло кон него и тој отстапи малку назад. Потоа рече: Немој, вештачките езера се опасни!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)