вешт (прид.) - во (предл.)

Други пак велеа дека најверојатно записот воопшто не е изворен, не е од Соломонова рака сочинет, туку дека е само препис од некој запис, умножение негово, кое го сочинил некој славен предок наш, вешт во уката на умноженијата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Доаѓа цела генерација вешта во користењето на интерактивни орудија, таа мигрира во светот на виртуалната реалност, каде што може да ги развие своите соништа и игри на фантазијата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Многумина од момчињата ѝ се додворувале барајќи ја нејзината рака, вешта во ракувањето со чеканот, пилата и останатиот прибор за столарско-резбарски работи.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сретнав еден таков мајстор, беше дојден од престолнината, мислам Ресенечки се викаше: умее и витрина да обликува, и легла, а и маси и столови какви што користел само некој француски крал.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Навистина жалам дека не сум вешт во резбарството; немам фат за да дотерувам и да создавам форми од кои на штотуку одомените домаќинки на нашите новородени големци ќе им застанува здивот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Што се однесува до ковчезите за сахрани, јас најсериозно сметам дека им минува времето. Наскоро ќе се најдат на отпад.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во нашево ново време ќе завладеат и нови техники.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Бев вешт во качувањето по стебла и брзав натпреварувајќи се со Пенча.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Теоретичарите од секогаш биле вешти во пишување - litterati - и се бореле против мислењето во слики, значи против магичното мислење, и размислувале за видовите букви.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Теоретичарите секогаш биле вешти во пишување - litterati - и се бореле против размислувањето во слики, значи против магиското мислење.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Сѐ завршуваше совреме што од страв дека ќе се оствари идејата за големата и едина љубов што по сила на обврските и жените вешти во обезличувањето на иднината или со благословот на неповторливото - како што би рекол еден од нејзините пријатели односно, оние кои се повеќе од тоа.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)