вечен (прид.) - патник (имн.)

Човекот е всушност вечен патник. Особено во сонот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Босонога загазувам пратена од фенерот на тој вечен патник на небото, Јас и месечината во ноќта...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Се клештеше, јас поп, жандарм, робијаш, јас вечен патник кон нигде.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но, не очајувајте. Вие веќе знаете, бидејќи ѕирнавте во упатството за Асенета, дека сонот вам и не ви е зададен за да го сонувате, туку за друга цел.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)