вечен (прид.) - пат (имн.)

Луѓето уште неизнарадувани, дојдоа да го испратат Илко на вечниот пат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Си го знае својот вечен пат... Така и ние.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога го слушаше Татко Игора Лозински, како меѓу падот на империјата на фашизмот и победата на онаа на сталинизмот и на овој дел на Балканот ја претпоставува иднината, судбината на Езерото и на луѓето околу него, прекинот на вечниот пат на јагулите, во неговата свест проработуваше системот на асоцијации и интуиција, својствен на големите откорнатици, првин како да го следи патот на јагулите кон Америка, пред тој да биде прекинат, потем како да ја продолжи својата Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Што ќе стане со јагулите, со нивниот вечен пат, во татковата свест всушност значеше што ќе се случи со луѓето, со луѓето со бегалска судбина каква што имаше неговото семејство?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Додека го слушаше Игора Лозински како предупредува за опасностите на сталинизмот, кој не дај Боже, ако стигне до Езерото и се пресмета со јагулите и со нивниот вечен пат, тој замислено гледаше во рафтот на библиотеката со книгите за јаничарите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, тој сѐ уште одеше одоколу во предочувањето на реалното стравување некој на Балканот да не го прекине засекогаш вечниот пат на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А сега, овој Рус, со чудна судбина во егзил, слична на неговата, му го доближуваше Езерото, од кое Татко сакаше да се оддалечи, следејќи го патот на јагулите... VII Спасените јагули, напати сплотени едни во други, напати во колона, водени од силниот инстинкт, спасувајќи се од семожните стапици од природата и луѓето, го продолжуваа вечниот пат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој му рече дека, ако некој, не дај боже, еден ден, посегне по ре­ката и изгради хидроцентрали, со што ќе се наруши засекогаш и неповратно вечниот пат на јагулите, тогаш на земјата на Балканот лошо ѝ се пишува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)