ветов (прид.) - шамија (имн.)

АНТИЦА: Уф, мори бабо, што ти била ветва шамијата од главата.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Вотната во партизанските пантолони на Димостена и забрадена во една ветва шамија копаше дупки по падините на Водно, и така облечена со тезгере влечеше малтер до најгорниот кат на егејската зграда, само сега не мора така да се облекува, убаво ѝ стојат било какви фустани.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пелагија не ја послуша веднаш мајка Перса, на работа продолжи да оди како и порано, со ветвата шамија во која го криеше лицето, а и со излитените пантолони на Димостена, со чувство на вина што не ги оставила со другите пљачки кога заминуваше од неговото одајче.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)