верен (прид.) - придружник (имн.)

Оти песната е талкач Верен придружник и соговорник од патеките на умот Ака по беспатици а штом ќе пристигне дома Прошетува по одајата со погледот на домакинката тргната да го крене пердето за да помуабети со Ѕвездите.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Не оти беше во неред или имаше потреба да се среди, туку очајнички се обидував да почувствувам малку душа, миг на живот во нејзините предмети, облеката, постелнината, албумите и книгите што ѝ беа особено верен придружник.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)