верен (прид.) - копија (имн.)

Од нејзините очи изгрева мајчинска Деница, чеда мои, им вели на децата и трепери грижно и ја печали нивната почит секојпат застаната спроти мене, исправена спроти мене, мамо, велат децата, слушај жено, велам јас.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Иста е, верна копија на својата тетка. - гледајќи ја вчудоневидено констатира Никодин.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Другите будалштини дека животот е краток и верна копија на сонот ги препознавам во нејзиниот силен глас но отпосле, години потоа низ песокот на истеченото време и за да ја стиши мојата возбуда, пресметано и смерно, ептен нежно ќе рече: не би го гребнала ни со мисла твоето достоинство, сигурно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да, токму така. Рада беше верна копија на црната овца во фамилијата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)