верен (прид.) - другар (имн.)

Може гледа господ? Ете, ти досега немаш расипано човек, лели?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, твој бил такциратот, — рече Ѓуро со леснина на душата, ама и срам во очите пред верниот другар.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Такви се војводите како вас, клечковци — им се навика Толе в лице на сите војводи, па дури и на Петрета Ацев што го кандиса да му се придружи, го дупна коњот и ги повика своите опробани и верни другари уште од арамискиот занает.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Војводите останаа замајани од истапот на Толета, се тргнаа настрана под сенката на големата јасика и почна и тие да се препи раат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа на Којо Пипиле многу тешко му паѓаше, многу потешко отколку на другите: не можеше да поверува дека е тоа тој Богдан - оној негов верен другар од детството со кого заедно го напуштија селото и заедно скитаа по разни места барајќи работа и заедно го делеа и доброто и лошото и кој му помогна да се вработи во Пансионот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Павел физички бил средно развиен, смел, упорен, исполнителен, верен другар, со еден збор повеќе или помалку ги имал сите оние карактерни особини што ги имале сите гемиџии.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
29. КАКО СРЦЕТО БОЛИ, ТАКА ОКОТО ПЛАЧЕ - но ако тие се верни другари, бар троа.
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Со чета борци низ твоје борје врвеше Јане - Пирински цар, од врагот кога пронижан падна в пазуви свои Пирин го згрна, - верниот другар - пријател стар.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Другари, верни другари! Кога ќе вие сјодите, крај село да помините, на мајка ми да кажите – што Панде падна загина од тешки бумби фашиски.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Календарски зимата требаше да си замине, ама Марта ѝ е верна другарка... како меурчиња од сапун се распрснаа илузиите за радостите на денот на пролетта...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)