вековен (прид.) - предрасуда (имн.)

Нашата партија конечно триумфираше на патот на ослободувањето на нашиот човек од оковите на верата, вековните предрасуди...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но не е лесно да се совладаат вековните предрасуди кои ја држат во подредена положба жената на Исток.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Еве, на пример, овде постојат вековни предрасуди за жената, посебно за муслиманската, но и христијанската не е изземена!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Логично е што поголемиот дел од државите ПОДАНИК родени во ваков дух си поставиле себеси цел да го конкретизираат она што повторно го пронашле, т.е. поединците цврсто да ги поврзат со колективот, да го цементираат единството на нацијата, решително да го гарантираат интегритетот и кохезијата на општественото тело, будно да внимаваат - во име на културата - никаква несоодветна критика да не го попречи култот на вековните предрасуди, накратко - да ја обезбедат конечната победа на грегарниот инстинкт над другите манифестации на човечкиот дух.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)