ваш (прид.) - потреба (имн.)

Сите ваши текстови се само обид да се најдат одговорите на прашањето поставено на вашата мајка: што е душата?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Само за вас, драги гледачи - и вашата весела насмевка, и вашиот купен билет, и вашиот мерак по возбуда, и вашите гладни сетила, и вашата домашна колекција, и вашата потреба за туѓа акција, и вечното дете во вас!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Откако ги прочитав двата текста што ми ги испративте, повторно се сетив на оваа епизода која сега одненадеж ми ја откри генезата на вашата потреба да пишувате.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Така, можеби, ужасот кој ве обзема пред Атеистичкиот музеј го имал помалку за причина фактот што оваа доктрина го негира, како што означува и самиот наслов, постоењето на Бога (после с, дури и меѓу верниците кој би можел вистински да каже што значи постоењето на Бога), отколку волјата да се негира постоењето на душата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)