ваш (прид.) - заслуга (имн.)

Мирон Донски, забележувајќи го ефектот од својот клучен збор врз неговата расположба, продолжи: - Голема е вашата заслуга што успеавте не само да ги пренесете туку и да ги средите сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Бидејќи цела младост ја учевме само вашата партизанштина, небаре целата историја почнуваше од вас, дури, ете, се создаде одбивност и кај најмладите за вашите заслуги, а и мене ми се чини дека и нам, на вашите деца, не ни дадовте да имаме своја историја и своја личност.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)