ваш (прид.) - другар (имн.)

А денес кога птиците се загрозени, кога и некои од вашите другари ги проретчуваат со воздушните пушки, уште повеќе треба да се загрижиме и да им помагаме да живеат, да се множат, за да ни биде поубаво на сите.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Почна да ги плаши и теши: – Кој не ќе земе ѓеврек, ќе праќам кај оној ваш другар да сечит Ибраим јазикот, а после ќе сечит и главата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Ќе му простиме ли на вашиот другар? Грешката е голема, тешка.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
И одеднаш забележувате дека Маре, Златка, Верче или некое друго девојче, ваша другарка, има многу убави очи и прекрасна насмевка и посакувате да се дружите со неа, а кога се дружите збрлавени сте, не знаете како и што да зборувате, тресете глупости и тажни сте кога таа Маре, Ратче, Билјана, или како се вика, шета со некое друго момче, се прави дека не ве забележува, а вие страдате, страдате...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Имате многу книги во вашето училиште, имате и дома и кај ваши другари.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Сетете се, во тие години јас веќе бев женет, а вие, заедно со вашите другари ме викавте деденце. Нели?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)