ваш (прид.) - година (имн.)

БОРИС: Како се накотивте толку паметни? На ваши години мислевме децата излегуваат од папок. МАТЕЈ: Па од каде излегуваат?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Но, можеби сево ова што ви го зборувам за моите и вашите учители, и не можете во вашите години да го сфатите најубаво.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Често ќе ни речеше: ”Знам, душичката ви сака женско; и јас кога бев помлад, кога бев на вашите години, не можев без женско: во секој град каде што скитав имав по некоја: и во Атина, и во Анкара, и во Рим, и во Мадрид; ќе ми се прилепеше некоја или јас ќе се врзев за неа, но никогаш повеќе од една година не ја држев: ми стануваше здодевно само со една жена да живеам; штом ќе оставев една, наоѓав друга; се лепеа како по мед; ми ги мереа со педи раменава и градиве и велеа: јаки мажи сте вие, Грците; и можеби - затоа тешко го доживуваа оној момент кога ќе им речев дека ги оставам, дека во друг град одам, во друг крај на светов, и во тој момент или паѓаа во несвест или како диви мачки ми се нафрлуваа со ноктите да ми ги ископаат очите; или ќе ми се обесеа со рацете на вратот и ќе речеа: и ние одиме со тебе...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На ваши години живи Германци заробувавме, само слушајте, чесен збор, живи фашисти, запомнете, или ќе бидете луѓе достојни на вашите татковци (нашите татковци веќе ги немаше), - или подобро и вас да ве нема, проклет да бидам и нека нè нема.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)