варен (прид.) - јајце (имн.)

Не смее да одговори: би паднал во сопствената замка повторно немајќи увид во грешката, а потоа и без да забележи би се изел себеси покрај појадокот, гледајќи од страна потпрен на лактот - невклучен, помалку морбиден и неразбирлив, смешкајќи се со чашката млеко и вареното јајце - како еден куп долго собирано ѓубре зад кое се крие мотивот за неговото не толку очигледно самоуништување. И што:?
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
12. Ми дадоа два леба, две варени јајца, пет коцки шеќер и ме пикнаа во „Чјорнаја варонка“.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Скокна младиот артист, а мастиката му се одлеа од чашката додека цигарата ја изгасна не во пепелницата туку во пјатото со варените јајца исечкани на тркалца и посолени со црн бибер во капка зејтин.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
— Да има сега една ракија, вели Цветан, и една здробена марула со варено јајце и сушени маслинки...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)