валкан (прид.) - и (сврз.)

Сакаш да мудруваш, сакаш да судиш но не си ни судија, а ниту Бог ти си само еден бездарник валкан и мизерен душегрижник без душа Погледни ја бесрамнику својата вина погледни го трулежот од лагата во себе погледни ја душата што тоне во празнина проклето да биде твоето семе
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Во огништето, врз запалените дабови цепеници прскаат искри, разигран е пламенот, баботи во оџакот и блажена топлина одајата, а тој издолжува валкани и засмрдени нозе, ги пика во леѓенот со жешка вода.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Речиси секој втор ден таа ме викаше од работа и со глас кој одвај сокриваше радост, детално ми зборуваше за некоја нова и страшна болест штотуку откриена.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ме дочека на врата со свилено кимоно со длабок изрез и со пар аждери со испреплетени опаши.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа му го носеа сите оние луѓе во сини комбинезони, валкани и изморени, што влегуваа во вратата на неговата гостилница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Природно, валканите и егзотични болести, како и суровите обичаи и одвратните навики, играа главна улога во нејзините текстови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)